Цените на златото првпат надминаа 3.000 долари во петокот, како одраз на зголемената побарувачка на инвеститорите во услови на трговски тензии и намалување на каматните стапки, заедно со континуираното купување од страна на централните банки.
На физичкиот пазар унца злато во раното попладневно тргување чинеше 3.000,39 долари, што е за 0,4 отсто повеќе од вчерашното затворање на пазарот. Така, неговата цена достигна ново највисоко ниво во петокот откако златото се тргува на берзата, по тринаесетти пат од почетокот на тргувањето.
На американскиот пазар денеска со златото во терминските договори (фјучерсите)се тргуваа по 0,7 отсто повисока цена, по 3.012,90 долари.

Во четвртокот, цените се зголемија за околу 1,6 отсто на физичките и терминските пазари, бидејќи инвеститорите, стравувајќи од економски и геополитички превирања, побрзаа да купат сигурни средства.
Американскиот претседател Доналд Трамп најави серија царини за поддршка на домашната индустрија, а министерот за трговија Хауард Лутник рече дека се подготвени да ризикуваат и рецесија во името на пресвртот во економската политика. Минситерот за финансии Скот Бесент зборуваше за период на „детоксикација“, а претседателот Трамп вели дека економијата е „во транзиција“.
Канада и ЕУ возвратија на американските царини со еднакви мерки, поттикнувајќи ги стравувањата на инвеститорите од глобалното економско забавување. Вашингтон на тоа се закани со зголемување на постојните царини и на проширување на палета други производи.
Инвеститорите купуваат злато и зошто очекуваат американската централна банка дополнително да ги намали каматните стапки, особено откако податоците од февруари покажаа забавување на инфлацијата. Од септември Fed ги намали каматните стапки за еден процентен поен, а во јануари направија пауза. Трговците очекуваат таа да го продолжи циклусот на олеснување на монетарната политика во јуни.
Поттик за цените на златото се и засилените купувања од страна на централните банки за создавањето залихи.
Според пресметките на здружението на рударски компании WGC, златото поскапе за повеќе од 28 отсто минатата година поради силната побарувачка од централните банки и инвеститорите во период на зголемени геополитички тензии. Централните банки ќе продолжат да купуваат злато оваа година, процени WGC во декември.
Кина купила злато четврти месец по ред во февруари, покажаа податоците на централната банка.
Среброто, исто така, значително поскапе во петокот, со раст од 0,5 отсто на 33,96 долари за унца. За речиси ист процент се зголеми и цената на паладиумот, на 961,91 долари. Платината, пак, падна за 0,9 отсто на 985 долари.
Слични новости
BYD ја претстави новата технологија за брзо полнење електрични возила
Таканаречената „супер е-платформа“ ќе може да ги полни батериите со рекордна брзина од 1.000 киловати (kW),
Нафтата поскапе над 71 долар
Цените на нафтата се искачија над 71 долар за барел во понеделникот, бидејќи кинеските стимулации на потрошувачката и обновените тензии во Црвеното Море ги надминаа шпекулациите дека олеснувањето на американските санкции може да го отвори патот за зголемени испораки од Русија
Масовно истекоа дозволите за американскиот увоз на месо во Кина
Дозволите за увоз на повеќе од 1.000 американски компании за месо одобрени од Кина според трговскиот договор „Фаза 1“ од 2020 година истекоа во неделата, покажа кинеската царинска веб-страница, заканувајќи се на извозот од САД до најголемиот купувач во светот поради војната за царини