Редок римски златник со ликот на Брут, убиецот на Јулиј Цезар, е продаден на наддавање во понеделникот во Женева за 1,89 швајцарски франци (1,98 милиони евра), објави во вторник женевската аукциска куќа Numismatica Genevensis.
Историскиот нумизматички артефакт го купил европски колекционер по „жестоко наддавање“ со осум онлајн понудувачи, објави аукциската куќа, пренесува The Guardian.
Почетната цена на златникот беше нешто повеќе од 800.000 евра (740.000 швајцарски франци).
„Очите на нумизматичарот светнуваат кога ќе видат ваква монета, бидејќи тоа е парче историја“, рече пред продажбата Френк Балдачи, шеф на аукциската куќа Numismatica Genevensis.
„Ауреус, златник кој се користел во древниот Рим, бил издаден од Брут и неговите пријатели една или две години откако го убиле римскиот владетел Цезар во 44 пред Христа“, вели Балдачи и додава дека монетата тешка осум грама е од големо историско значење.
Овој посебен ауреус го има профилот на Брут врамен со ловоров лисја од едната страна и е еден од само 17-те познати примероци.
Повторно се појави во 1950-те и беше објавен во приватен колекционерски каталог, а подоцна се појави на наддавање одржано во 2006 година во Цирих, каде што беше продаден на друг приватен колекционер за 360.000 швајцарски франци (околу 388.500 евра).
Паричката „не била искована во Рим, туку во ковачница што патувала со Брут и неговата војска додека се обидувал да ја преземе власта по убиството на Јулиј Цезар“, посочува Балдачи.
Монетата е складирана во херметички затворена кутија, за да се спречи манипулација и да се „гарантира нејзината автентичност“, објаснува Балдачи.
Слични новости
Објавена листата на најпоставуваните прашања на асистентот за вештачка интелигенција на Amazon
Информациите за висината на Тејлор Свифт, вредноста на биткоинот и за социјалните мрежи на инфлуенсерот MrBeast биле меѓу најчесто поставуваните прашања за Alexa виртуелната асистентка на Amazon во Обединетото Кралство во 2024 година
Најмногу номинации за Златен глобус за „Emilia Perez“ и „The Brutalist“
„Emilia Perez“, за кој правата за дистрибуција ги стекна Netflix, доби десет номинации, а „The Brutalist“ од независниот дистрибутер А24 – седум
Тејлор Свифт ја заврши турнејата со рекорди и го зацврсти статусот на мегаѕвезда
Нејзината светска турнеја, најпрофитабилната во историјата, започна во март 2023 година во американската сојузна држава Аризона, по што Свифт посети педесет градови, од Буенос Аирес до Токио и Сингапур, одржувајќи вкупно 149 концерти