Редок римски златник со ликот на Брут, убиецот на Јулиј Цезар, е продаден на наддавање во понеделникот во Женева за 1,89 швајцарски франци (1,98 милиони евра), објави во вторник женевската аукциска куќа Numismatica Genevensis.

Историскиот нумизматички артефакт го купил европски колекционер по „жестоко наддавање“ со осум онлајн понудувачи, објави аукциската куќа, пренесува The Guardian.

Почетната цена на златникот беше нешто повеќе од 800.000 евра (740.000 швајцарски франци).

„Очите на нумизматичарот светнуваат кога ќе видат ваква монета, бидејќи тоа е парче историја“, рече пред продажбата Френк Балдачи, шеф на аукциската куќа Numismatica Genevensis.

„Ауреус, златник кој се користел во древниот Рим, бил издаден од Брут и неговите пријатели една или две години откако го убиле римскиот владетел Цезар во 44 пред Христа“, вели Балдачи и додава дека монетата тешка осум грама е од големо историско значење.

Овој посебен ауреус го има профилот на Брут врамен со ловоров лисја од едната страна и е еден од само 17-те познати примероци.

Повторно се појави во 1950-те и беше објавен во приватен колекционерски каталог, а подоцна се појави на наддавање одржано во 2006 година во Цирих, каде што беше продаден на друг приватен колекционер за 360.000 швајцарски франци (околу 388.500 евра).

Паричката „не била искована во Рим, туку во ковачница што патувала со Брут и неговата војска додека се обидувал да ја преземе власта по убиството на Јулиј Цезар“, посочува Балдачи.

Монетата е складирана во херметички затворена кутија, за да се спречи манипулација и да се „гарантира нејзината автентичност“, објаснува Балдачи.

globe

Слични новости

Научниците предвидуваат дека 2025 ќе биде најтопла година на светот

Научниците предвидуваат дека 2025 ќе биде најтопла година на светот

Според податоците на британската Метеоролошка служба, 2025 ќе биде најмалку за 1,29 степени потопла отколку температурата пред индустриското доба, а можно е температурата да биде повисока во просек и за 1,4 степени

Австралија ќе ги тужи технолошките фирми ако не им платат на медиумите за содржината на вестите

Австралија ќе ги тужи технолошките фирми ако не им платат на медиумите за содржината на вестите

Австралија планира да воведе нови правила, според кои големите технолошки компании ќе мора да им платат на австралиските медиуми за содржината на вестите на нивните платформи, а во спротивно ќе се соочат со тужби