Редок римски златник со ликот на Брут, убиецот на Јулиј Цезар, е продаден на наддавање во понеделникот во Женева за 1,89 швајцарски франци (1,98 милиони евра), објави во вторник женевската аукциска куќа Numismatica Genevensis.
Историскиот нумизматички артефакт го купил европски колекционер по „жестоко наддавање“ со осум онлајн понудувачи, објави аукциската куќа, пренесува The Guardian.
Почетната цена на златникот беше нешто повеќе од 800.000 евра (740.000 швајцарски франци).
„Очите на нумизматичарот светнуваат кога ќе видат ваква монета, бидејќи тоа е парче историја“, рече пред продажбата Френк Балдачи, шеф на аукциската куќа Numismatica Genevensis.
„Ауреус, златник кој се користел во древниот Рим, бил издаден од Брут и неговите пријатели една или две години откако го убиле римскиот владетел Цезар во 44 пред Христа“, вели Балдачи и додава дека монетата тешка осум грама е од големо историско значење.
Овој посебен ауреус го има профилот на Брут врамен со ловоров лисја од едната страна и е еден од само 17-те познати примероци.
Повторно се појави во 1950-те и беше објавен во приватен колекционерски каталог, а подоцна се појави на наддавање одржано во 2006 година во Цирих, каде што беше продаден на друг приватен колекционер за 360.000 швајцарски франци (околу 388.500 евра).
Паричката „не била искована во Рим, туку во ковачница што патувала со Брут и неговата војска додека се обидувал да ја преземе власта по убиството на Јулиј Цезар“, посочува Балдачи.
Монетата е складирана во херметички затворена кутија, за да се спречи манипулација и да се „гарантира нејзината автентичност“, објаснува Балдачи.
Слични новости
Најтопол ноември во Португалија и во Шпанија
Минатиот месец беше најтоплиот ноември во историјата на мерењето на температурите во Шпанија и Португалија, а и целата планета Земја оди по тој пат.
Мухамед е најпопуларното име за момчињата во 2023. во Англија и Велс
Мухамед е во првите десет најпопуларни имиња за новородени момчиња од 2016 година, а беше на второто место во 2022 година
Книгата „Ерата“ на Тејлор Свифт продаде повеќе од 800.000 копии за два дена
За два дена книгата на Тејлор Свифт „Ерата“ стана најпродавана во САД и има најголема заработка по нејзиното објавување за 2024 година.