Редок римски златник со ликот на Брут, убиецот на Јулиј Цезар, е продаден на наддавање во понеделникот во Женева за 1,89 швајцарски франци (1,98 милиони евра), објави во вторник женевската аукциска куќа Numismatica Genevensis.
Историскиот нумизматички артефакт го купил европски колекционер по „жестоко наддавање“ со осум онлајн понудувачи, објави аукциската куќа, пренесува The Guardian.
Почетната цена на златникот беше нешто повеќе од 800.000 евра (740.000 швајцарски франци).
„Очите на нумизматичарот светнуваат кога ќе видат ваква монета, бидејќи тоа е парче историја“, рече пред продажбата Френк Балдачи, шеф на аукциската куќа Numismatica Genevensis.
„Ауреус, златник кој се користел во древниот Рим, бил издаден од Брут и неговите пријатели една или две години откако го убиле римскиот владетел Цезар во 44 пред Христа“, вели Балдачи и додава дека монетата тешка осум грама е од големо историско значење.
Овој посебен ауреус го има профилот на Брут врамен со ловоров лисја од едната страна и е еден од само 17-те познати примероци.
Повторно се појави во 1950-те и беше објавен во приватен колекционерски каталог, а подоцна се појави на наддавање одржано во 2006 година во Цирих, каде што беше продаден на друг приватен колекционер за 360.000 швајцарски франци (околу 388.500 евра).
Паричката „не била искована во Рим, туку во ковачница што патувала со Брут и неговата војска додека се обидувал да ја преземе власта по убиството на Јулиј Цезар“, посочува Балдачи.
Монетата е складирана во херметички затворена кутија, за да се спречи манипулација и да се „гарантира нејзината автентичност“, објаснува Балдачи.
Слични новости
Аљаска: Засилена сеизмичката активност на вулканот Монт Спур
Научниците на Аљаска предупредија на зголемена сеизмичка активност на вулканот Монт Спур, а околу 1.500 помали земјотреси околу вулканот доведоа до деформацијата на теренот близу вулканот.
Снимањето на серијата Хари Потер на HBO ќе започне во Англија во летото 2025.
Производството на серијата Хари Потер на HBO ќе започне во студиото „Warner Bros Leavesden“, во северозападен Лондон, летото 2025 година
Чат Џи-Пи-Ти секоја недела го користат 300 милиони луѓе
Чат Џи Пи Ти клучниот производ на компанијата за развој на вештачката интелигенција ОпенАИ, секоја недела го користат 300 милиони луѓе, изјави извршниот директор на компанијата Сем Алтман.