Капитенот на фудбалската репрезентација на Шпанија Родри е добитник на наградата „Златна топка“ за најдобар фудбалер на Мундијалот. Играчот за врска на Шпанија изигра особено квалитетно во полуфиналето и финалето против Франција и Аргентина, кога средниот ред на Шпанците убедливо ги надигра противниците.
За најдобар голман е прогласен шпанскиот голман Унаи Симон, кој не прими само еден гол за време на целото Светско првенство од Белгија. Наградата за најдобар млад фудбалер на првенството му припадна на шпанскиот стопер Пау Кубарси.
Најдобар стрелец на Мундијалот е Французинот Килијан Мбпапе кој постигна 10 голови. Воедно Мбапе стана и најдобар стрелец на светските првенства со 22 гола од 3 светски првенства, еден повеќе од Лео Меси кој има постигнатп 21 гол но на шест првенства.
Слични новости
Мароко ја елиминираше Холандија на пенали
Мароко се пласираше во осминафиналето на Светското првенство во фудбал откако утринава ја победи Холандија на пенали (3: 2). Во регуларниот тек и по продолженијата натпреварот заврши 1:1. Поведе Холандија со голот на Гакпо во 72-та минута од мечот, а израмни Диао во 91-та минута.
Претседателот на Парагвај денешниот ден го прогласи за државен празник откако утринава Парагвај ја елиминираше Германија на СП во фудбал
Парагвај никогаш не се откажува, по ѓаволите -државен празник“ напиша претседателот на Парагвај Сантјаго Пења, по пласманот на фидбалската репрезентација на Парагвај во осмина финалето на Светското првенство во фудбал.
Денвер подготвува трејд со кој заминуваат Џамал Мари и Кам Џонсон, за Џејлен Браун и Сем Хаузер
Иако не е официјално потврдено голем број на медиуми во САД пишуваат за потенцијален трејд меѓу Бостон и Денвер со кој од Бостон би заминала супер ѕвездата Џејлен Браун и крилото Сем Хаузер, во замена за две ѕвезди на Денвер Џамал Мари и Кем Џонсон.


