Капитенот на фудбалската репрезентација на Шпанија Родри е добитник на наградата „Златна топка“ за најдобар фудбалер на Мундијалот. Играчот за врска на Шпанија изигра особено квалитетно во полуфиналето и финалето против Франција и Аргентина, кога средниот ред на Шпанците убедливо ги надигра противниците.

За најдобар голман е прогласен шпанскиот голман Унаи Симон, кој не прими само еден гол за време на целото Светско првенство од Белгија. Наградата за најдобар млад фудбалер на првенството му припадна на шпанскиот стопер Пау Кубарси.

Најдобар стрелец на Мундијалот е Французинот Килијан Мбпапе кој постигна 10 голови. Воедно Мбапе стана и најдобар стрелец на светските првенства со 22 гола од 3 светски првенства, еден повеќе од Лео Меси кој има постигнатп 21 гол но на шест првенства.

 

Слични новости

Америка ја победи Босна со 2:0 и ја елиминираше од Светското првенство

Америка ја победи Босна со 2:0 и ја елиминираше од Светското првенство

Избраниците на Покетино ја оправдаа фаворитската улога и беа подобри на теренот, иако во второто полувреме останаа со играч помалку, откако по асистенцијата на ВАР собата му беше покажан црвен картон на стрелецот на првиот гол за САД Фоларин Балогун.

Сенегал елиминиран од Белгија иако водеше 2:0 до 86-тата минута

Сенегал елиминиран од Белгија иако водеше 2:0 до 86-тата минута

По шокантниот пораз од Белгија со 3:2 по продолженија во Сиетл, со кој Сенегал беше елиминиран од Светското првенство, дојде до раздор меѓу фудбалерите и стручниот штаб. Играчот за врска на Виљареал папа Геј соопшти дека привремено нема да настапува за националната селекција, се додека ја води актуелниот стручен штаб.