Златен џебен часовник пронајден кај повозрасна двојка која смртно настрадала при потонувањето на легендарниот пароброд „Титаник“ е продаден за рекордни 1,78 милиони фунти на наддавање во организацијата на аукциската куќа Henry Aldridge & Son Auctioneers во англиската грофовија Вилтшир.
Организаторите на наддавањето велат дека тоа е највисоката цена платена досега за едно парче сувенири од „Титаник“. Претходниот рекорд беше поставен минатата година кога друг златен џебен часовник – подарок за капетанот на бродот што спаси повеќе од 700 патници – беше продаден за 1,56 милиони фунти.
Осумнаесеткаратниот златен часовник со вгравирано име на Жил Јургенсен бил сопственост на патникот од прва класа Исидор Штраус, кој се удавил кога бродот потона на своето прво пативање во април 1912 година, заедно со 1.500 други патници.
Исидор и неговата сопруга Ида беа прикажани во блокбастерот на Џејмс Камерон од 1997 година „Титаник“ како двојка која се прегрнува и тоне заедно со бродот. Часовникот бил пронајден на останките на Штраус заедно со други лични предмети и беше вратен на неговото семејство. Исидор го добил како подарок за својот 43-ти роденден во 1888 година – истата година кога станал партнер во престижната њујоршка стоковна куќа „Macy’s“.
Ноќта кога „Титаник“ го доживеал бродоломот, богатата двојка се упатила кон палубата на „Титаник“. Кога на Исидор Штраус му било понудено место во чамец за спасување поради неговата напредна возраст, тој одбил одговарајќи дека нема да се качи додека другите мажи не се качат. Неговата сопруга Ида одбила да го остави својот сопруг на бродот, па му се придружила, и последен пат биле видени живи кога, соочени со својата судбина, седнале еден до друг на лежалките на бродот.
Тие биле едни од ретките патници од првата класа кои загинале во несреќата. Писмо напишано на хартија од „Титаник“, кое го испратила г-ѓа Штраус во текот на патувањето со бродот, достигна цена од 100.000 фунти.
Списокот на патниците од „Титаник“ беше купен за 104.000 фунти, а златниот медал кој на екипажот на „RMS Carpathia“ му го доделиле преживеаните беше продаден за 86.000 фунти.
Вкупната аукција на сувенири од Титаник во саботата достигна три милиона фунти.
Слични новости
Џуди Денч отворено призна дека видот и е толку влошен што веќе не може да препознае никого
На Оскаровката претходно и беше дијагностициран макуларна дегенерација поврзана со нејзината возраст. Мајо клиниката соопшти дека оваа болест предизвикува заматена глетка или намалена видливост и се случува кај луѓе над 50 годишна возраст.
„Зоотопиа 2“ заработи фантастични 556 милиони долари за пет дена прикажување
Секвелот на Дизни -анимираниот филм „Зоотопиа 2“ заработи 156 милиони долари за празничниот викенд во Америка и дополнителни 400 милиони долари надвор од САД за фантастичен резултат од премиерната недела на Бокс Офисот од 556 милиони долари.
Брижит Бардо ги смирува загрижените обожаватели
Поранешната француска филмска ѕвезда и активистка за заштита на животните, Брижит Бардо, моментално се опоравува и сака да ги увери оние кои се загрижени за нејзиното здравје, соопшти нејзината фондација


