Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, заедно со пратениците Илире Даути и Елми Азири, поднесоа иницијатива до Уставниот суд за оспорување на Законот за прекршоци, чии измени беа донесени за функционирање на системот „Safe City“.

Села изјави дека законот има многу дилеми кои требало да се разјаснат пред неговото усвојување.

Пред Уставот граѓаните треба да бидат еднакви и како такви сите граѓани, без разлика дали живеат во Куманово, Скопје или Тетово, треба еднакво да бидат опфатени со овие проекти и во Струмица, Охрид, како и во Кичево, Кавадарци, Штип и насекаде, вели претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села.

Според Села, ваквата поделба дава причина да се посомнева дека има цел за изнуда на одредена категорија граѓани.

Слични новости

Мицкоски: Македонија е жртва на европски булинг, ЕУ разгледува поделба на земји од „прва и втора лига“

Мицкоски: Македонија е жртва на европски булинг, ЕУ разгледува поделба на земји од „прва и втора лига“

Премиерот Христијан Мицкоски упати остри пораки за текот на македонските евроинтеграции, оценувајќи дека државата е жртва на класичен булинг од страна на земји членки на ЕУ.