По завршувањето на Светското првенство во фудбал во САД, канада и Мексико, Дидије Дешамп ќе се повлече од местото селектор на репрезентацијата на Франција, а ќе го наследи легендарниот фудбалер Зинедин Зидан.

Претседателот на француската фудбалска федерација Филип Дијало за францускиот весник „Фигаро“ изјави дека името на новиот селектор е познато, тоа ќе биде Зидан и дека околу именувањето на наследникот на Дешамп немало никакви дилеми.

Зидан нема ангажман по 2021, а досега единствениот клуб што го водеше како тренер беше Реал Мадрид.   

 

Слични новости

Ливерпул пред една година имаше дури 20 бодови повеќе отколку во моментов

Ливерпул пред една година имаше дури 20 бодови повеќе отколку во моментов

Ливерпул минатата сезона ја освои титулата и полесно од тоа што се очекуваше, а кога клубот летоска потроши 450 милиони евра на нови засилувања, се веруваше дека Ливерпул повторно ќе биде главен кандидат за освојување на титулата.