Кристалното јајце на Фаберже оптоќено со дијаманти, кое некогаш припаѓаше на руското царско семејство, беше продадено за рекордни 30,2 милиони долари на аукција во Лондон.
„Зимското јајце“ кое се смета за една од најубавите креации на Фаберже беше купено од анонимен купувач, соопшти аукциската куќа Кристи, пренесува Би Би Си.
Јајцето е украсено со 4.500 дијаманти, а го нарача царот Николај Втори 1913 како божиќен поклон за својата мајка царицата Марија Фјодоровна.
Откако во 1918 беше погубено царското семејство Романови лондоснки трговец го купи јајцето за 450 фунти, кога осиромашените комунистички власти во 1920 ги продадоа руските уметнички скапоцености.
Куќата Фаберже има направено вкупно 50 јајца за царското семејство Романови, а 2Зимското јајце“ е само едно од седумте кои се во приватна сопственост.
Слични новости
Евросонгот во Виена под закана со недостиг од буџет откако четири земји се повлекоа
Натпреварот за песна на Евровизија се соочува со потенцијален недостиг на буџет откако Шпанија, Холандија, Ирска и Словенија се повлекоа од натпреварот поради одлуката на Израел да учествува на следната година
Netflix ги купува филмските и ТВ-студија на Warner Bros
Стриминг гигантот „Netflix“ објави во петокот дека постигнал договор со„ Warner Bros. Discovery“ за купување на филмски и телевизиските студија, вклучувајќи ја и платформата HBO Max
Откриена галаксија слична на Млечниот пат стара 12 милијарди години
Индиските астрономи открија масивна галаксија слична на Млечниот пат која е стара околу 12 милијарди години, пренесе Би Би Си. Таа е голема колку една третина од млечниот пат и содржи околу 10 милијарди ѕвезди


