Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека градските служби од раните утрински часови се постојано на терен и интензивно работат на расчистување на снегот од улиците и булеварите што се под надлежност на Град Скопје.
Сепак, службите почнаа со чистење со два часа задоцнување, па голем број од граѓаните денеска задоцнија на работа, затоа што автобусите на ЈСП доцнаа.
Во моментов по скопските улици се движат возила на зисмките служби кои распрскуваат сол и песок.
Слични новости
Во македонскиот парламент 37,5 насто од пратениците се жени
Во македонскиот парламент 37,5 проценти од пратениците се жени, што е зголемување од 3,4 процентни поени во споредба со 2015 година, покажуваат податоците на Евростат.
Цените на горивата во Македонија меѓу најевтините во регионот
Според последните споредбени податоци, просечната цена на горивата во Македонија се движи околу 1,35 долари за литар, што е пониско во однос на повеќето соседни земји како Грција, Бугарија, Косово и Србија.
Со владиниот авион ќе се враќаат македонските државјани од Израел
Лицата кои изразија подготвеност за евакуација од Израел се очекува во попладневните часови со владиниот авион да полетаат кон Скопје. Со тоа целосно ќе се заокружи процесот на враќање на сите граѓани кои побараа извлекување од Израел, соопшти МНР.


