Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтер беше регистриран кусо по 18 часот на Света Гора со епицентар на 12 километри северозападно од Кареја.

Земјотресот на третиот крак на Халкидики бил почувствуван и во Солун и градови од северна Грција, а засега нема информации за материјална штета.

Во Грција изминатиот период имаше серија на посилни и помали земјотреси, но главно во областа на Пелопонез и островскиот венец Киклади.

Слични новости

Додик осуден на една година затвор и шест години забрана за вршење дејност

Додик осуден на една година затвор и шест години забрана за вршење дејност

На претседателот на Република Српска му се судеше од февруари 2024 година затоа што не постапил по одлуката на високиот меѓународен претставник Кристијан Шмит, одговорен за почитување на мировниот договор