
Земјотрес со силина од 5,8 степени според Рихтеровата скала го погоди ноќеска медитеранскиот брег на Турција, особено градот Мармарис, соопшти турската агенција за управување со катастрофи и вонредни ситуации. Едно 14 годишно момче е загинато, поради напад на паника, а 69 луѓе се повредени.
Епицентарот на земјотресот бил во Средозменото море на длабочина од 67,91 километар и се почувствувал во соседните региони, вклучувајќи го и грчкото острово Родос. Земјотресот се случил во 02 и 17 минути по полноќ.
Гувернерот на Мармарис Идрис Акбијик изјави дека луѓето главно се здобиле со повреди додека во паника скокале од прозорци или балкони, но дека нема непосредни извештаи за големи материјални штети.
Слични новости
Хаџот започнува со повеќе од милион верници, организаторите се борат со виските температури
Повеќе од милион верници се собраа пред најважниот исламски ритуал на хаџот под жешкото сонце во среда, додека властите вложија напори да избегнат повторување на минатогодишните повеќе од 1.000 смртни случаи од топлина.
Зголемените царини за метали на Трамп стапуваат на сила додека истекува рокот за „најдобрите“ понуди
Американските царини за најголемиот дел од увезениот челик и алуминиум ќе се удвојат во средата, денот кога претседателот Доналд Трамп очекува трговските партнери да ги достават своите „најдобри понуди“ за да избегнат наметнување царини за други стоки на почетокот од јули
Најавата на разговор меѓу Трамп и Си го поттикна Волстрит
Цените на акциите пораснаа на Волстрит во вторникот, особено кај производителите на чипови, по веста дека американскиот претседател Доналд Трамп треба да разговара со кинескиот претседател Си Џинпинг оваа седмица