Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда, ML 3.9. е регистриран утрово во 5 часот и 40 минути во епицентралното подрачје Охрид-Струга, на околу 135 км југозападно од Скопје.
Земјотресот е почувствуван во југозападните делови на државава, особено во Охрид и околината, со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала – информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје
Слични новости
Од денеска горивата поскапи, синоќа гужви на бензинските пумпи
Горивата од синоќа од полноќ повторно поскапеа и според последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемија за 4,85 отсто.
ВМРО-ДПМНЕ: Наспроти хистеријата на Филипче и СДСМ, водата во Гостивар е чиста и безбедна
Но додека во СДСМ се препелкаат во сопствениот талог и кал, институциите работат и ги решаваат проблемите, меѓу кои и тие со водата, наведува ВМРО ДПМНЕ во партиското соопштение.
СДСМ : Ароганцијата на Мицкоски и ВМРО нема крај-ја исмејуваат грижата за здравјето на граѓаните
СДСМ деновиве постојано предупредува за загадена вода низ Македонија, токму затоа што „власта на Мицкоски и неговата организирана криминална група ги крие податоците“.


