ЗЕЛС едногласно ја усвои Иницијативата предложена од Општина Центар за меѓуинституционална соработка и воведување општокорисна работа за малолетни сторители на вандализам.

„Вандализмот зема замав во сите општини и е сериозен проблем што бара итна реакција. Малолетните сторители мора да се соочат со соодветни мерки, а одговорноста ја делат и нивните родители, истакна градоначалникот Горан Герасимовски.

Иницијативата предвидува измени на Законот за прекршочна постапка, Законот за пробација и Законот за правда за децата, со цел воведување општокорисна работа како мерка која ќе спречи вандализам и ќе придонесе кон ресоцијализација на малолетниците.

Дополнително, се предлага и разгледување измени во Законот за семејство и Законот за извршување на санкции, за да се обезбеди правна рамка која ќе ја вклучи и одговорноста на родителите преку заедничка општокорисна работа.

За спроведување на иницијативата ќе се формира стручна работна група составена од Владата, ресорните министерства, центрите за социјална работа, училиштата и невладините организации. Целта е да се креираат ефикасни законски решенија и да се спречат потешки последици од ваквите негативни појави.

globe

Слични новости

Погреб на загинатите во трагедијата во Кочани 

Погреб на загинатите во трагедијата во Кочани 

Во Кочани денеска ќе им биде оддадена последна почит на загинатите во пожарот во ноќниот клуб „Пулс“. На плоштадот се уште има граѓани кои палат свеќи и се запишуваат во книгата на жалост, јави МИА. Погребната церемонија во Кочани ќе се одржи во 12 часот а со неа ќе чиноначалствува поглаварот на Македонската православна Црква -Охридска архиепископија г.г. Стефан