Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ синоќа ја обвини Цементарницата „Усје“ дека е еден од најголемите загадувачи во Скопје и поднесе иницијатива за нејзина дислокација од градот, поради, како што велат, сериозното загадување што секојдневно го предизвикува.
Од иницијативата побараа Советот на Град Скопје и градоначалникот да заземат јасен став за овој проблем и да го пренесат до сите релевантни институции на централната власт.
Целта е да започне институционален процес кој ќе води до дислокација на овој голем загадувач, кој според „Клајмат трејс“ спаѓа во 10-те проценти најголеми загадувачи во светот, изјави Маријан Калевски, советник од „Зелен хуман град“.
Слични новости
Поради густа магла откажани сите утрински летови од скопскиот аеродром
Поради густата магла откажани се сите утрински летови од Скопскиот аеродром. Откажани се летовите на авиокомпанијата „Визер“ од Скопје до Дортмунд, Брисел, Париз, Љубљана, Базел и Меминген. Откажен е летот и до Загреб на „Кроација ерлајнс“, како и за Цирих и Истанбул.
Али Ахмети останува лидер на ДУИ по Конгресот на ДУИ
Али Ахмети останува на кормилото на ДУИ и во говорот во кој наведе дека партијата се залага за унитарен карактер на државата, независно и неселективно правосудство
Анкета на ИПИС: ВМРО ДПМНЕ со два и пол пати поголем рејтинг од СДСМ
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски има повисок рејтонг од партискиот 27 насто, додека лидерот на СДСМ Венко Филипче има рејтинг од 5 насто, што е речиси двојно помалку од рејтингот на партијата.


