Членството на Украина во НАТО е „остварливо“, но Киев ќе мора да се бори за да ги убеди сојузниците и да го оствари тоа, изјави претседателот Володимир Зеленскиј пред украинските дипломати во неделата.
Украина постојано бараше членство во НАТО. Западната воена алијанса соопшти дека Украина еден ден ќе се приклучи, но не одреди датум ниту упати покана. Русија ја наведе можноста за пристапување на Украина во НАТО како едно од главните оправдувања за инвазијата во 2022 година.
Киев вели дека членството или еквивалентна форма на безбедносна гаранција би било клучно за секој мировен план за да се осигура дека Русија нема повторно да нападне.
„Сите разбираме дека поканата на Украина во НАТО и членството во алијансата може да биде само политичка одлука. Членството на Украина во НАТО може да се реализира, но само ако се бориме за таа одлука на сите неопходни нивоа“, им рече Зеленски на дипломатите на состанокот во Киев.
Зеленски рече и дека сојузниците треба да знаат што може да донесе Украина во НАТО и како нејзиното членство ќе ги стабилизира глобалните односи.
Украинскиот претседател минатата седмица ги повика европските земји да обезбедат заштита на Украина по завршувањето на војната со Русија.
Слични новости
Трамп го избра милијардерот Фертита за амбасадор во Италија
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во саботата изјави дека ќе го номинира милијардерот сопственик на професионалниот кошаркарски клуб Хјустон Рокетс Тилман Фертита за амбасадор на неговата администрација во Италија
Израел го обвинува папата за двојни стандарди по коментарите за бомбардирањата во Газа
Израелското Министерство за надворешни работи го обвини папата Франциск за „двојни стандарди“ во саботата, откако тој ја осуди „суровоста“ на израелскиот напад врз Појасот Газа во кој според палестински извори се убиени седум деца
Скопјани повторно добија вода, дефектот е саниран
Скопјани добија вода. Дефектот е саниран, замената на 5те затворачи завршена. По само неколку часа без вода, проблемот е решен, дури и побрзо од она што се планираше. Екипите на Водовод од утринава беа на терен, каде што беа ангажирани 160 лица и уште 150 административна поддршка.