Членството на Украина во НАТО е „остварливо“, но Киев ќе мора да се бори за да ги убеди сојузниците и да го оствари тоа, изјави претседателот Володимир Зеленскиј пред украинските дипломати во неделата.
Украина постојано бараше членство во НАТО. Западната воена алијанса соопшти дека Украина еден ден ќе се приклучи, но не одреди датум ниту упати покана. Русија ја наведе можноста за пристапување на Украина во НАТО како едно од главните оправдувања за инвазијата во 2022 година.
Киев вели дека членството или еквивалентна форма на безбедносна гаранција би било клучно за секој мировен план за да се осигура дека Русија нема повторно да нападне.
„Сите разбираме дека поканата на Украина во НАТО и членството во алијансата може да биде само политичка одлука. Членството на Украина во НАТО може да се реализира, но само ако се бориме за таа одлука на сите неопходни нивоа“, им рече Зеленски на дипломатите на состанокот во Киев.
Зеленски рече и дека сојузниците треба да знаат што може да донесе Украина во НАТО и како нејзиното членство ќе ги стабилизира глобалните односи.
Украинскиот претседател минатата седмица ги повика европските земји да обезбедат заштита на Украина по завршувањето на војната со Русија.
Слични новости
Десетици загинати во израелските напади врз Појасот Газа и Западниот брег
Околу 30 лица загинаа во нови израелски напади во Појасот Газа, објавија во неделата палестинските медиуми
Путин го прими словачкиот премиер Фицо, транзитот на гасот веројатно тема на разговорите
Рускиот претседател Владимир Путин во неделата во Кремљ го прими словачкиот премиер Роберт Фицо, еден од ретките европски челници со кои останува близок, јави руската телевизија
Папата повторно ја осуди „суровоста“ на израелските напади врз Газа
Папата Франциск во неделата повторно ја осуди „суровоста“ на израелските воздушни напади врз Газа, откако веќе го стори тоа во саботата и беше критикуван од израелските власти за „двојни стандарди“