Претседателот Володимир Зеленски рече дека позицијата на Украина на разговорите во Саудиска Арабија со американските претставници во вторник ќе биде „целосно конструктивна“ и дека се надева на практични исходи од преговорите за ставање крај на руската војна во неговата земја.

 

„Се надеваме на практични исходи. Позицијата на Украина во овие разговори ќе биде целосно конструктивна“, вели Зеленски во објавата на X.

Зеленски, кој ја посети Саудиска Арабија пред преговорите за разговори со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, рече дека „значаен“ дел од неговите разговори бил посветен на прашањето за безбедносните гаранции за Украина.

globe

Слични новости

Руте: НАТО нема да дозволи да биде загрозен мирот во БиХ

Руте: НАТО нема да дозволи да биде загрозен мирот во БиХ

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте повика во понеделникот во Сараево кризата во Босна и Херцеговина да се смири со одговорно однесување на нејзините политичари, што не ги спречи членовите на Претседателството на БиХ да се расправаат пред него

Новиот канадски премиер до Трамп: Канада ќе победи

Новиот канадски премиер до Трамп: Канада ќе победи

Новиот канадски премиер Марк Карни во својот говор по изборот за лидер на Либералната партија, а со тоа и за премиер, изјави дека неговата земја „ќе победи“ и „никогаш на кој и да е начин нема да биде дел од САД“