Претседателот Володимир Зеленски рече дека позицијата на Украина на разговорите во Саудиска Арабија со американските претставници во вторник ќе биде „целосно конструктивна“ и дека се надева на практични исходи од преговорите за ставање крај на руската војна во неговата земја.

„Се надеваме на практични исходи. Позицијата на Украина во овие разговори ќе биде целосно конструктивна“, вели Зеленски во објавата на X.
Зеленски, кој ја посети Саудиска Арабија пред преговорите за разговори со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, рече дека „значаен“ дел од неговите разговори бил посветен на прашањето за безбедносните гаранции за Украина.
Слични новости
Илон Маск: Америка тоне и се заканува банкрот поради корупција и високи расходи
На САД им се заканува банкрот поради корупција и превисоки расходи, изјави шефот на одделението за ефикасност на владата Илон Маск. „Ако државата троши премногу, ако не троши паметно, ќе банкротира како и човек во приватен бизнис.
Во Турција уапсени 37 луѓе поради објави на социјаните мрежи за апсењето на Имамоглу
Во Турција се уапсени 37 луѓе кои се сомничат дека на социјалните мрежи објавувале провокативни коменатри за апсењето на градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу, соопшти денеска министерот за внатрешни работи на Турција Али Јерликаја
Бела куќа: Трамп ќе ѝ помогне на Украина да добие систем за противвоздушна одбрана
Соединетите држави ќе ѝ помогнат на Украина да добие систем за противвоздушна одбрана, изјави во средата портпаролката на Белата куќа, неколку часа по телефонскиот разговор меѓу американскиот и украинскиот претседател Доналд Трамп и Володимир Зеленски