Украина е подготвена да дојде на преговарачка маса што е можно поскоро, изјави во вторникот украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи дека е подготвен да работи под „силното водство“ на американскиот претседател Доналд Трамп за да постигне долготраен мир.

„Украина е подготвена да дојде на преговарачката маса што е можно поскоро за да се приближи до траен мир. Никој не сака мир повеќе од Украинците. Мојот тим и јас сме подготвени да работиме под силното водство на претседателот Трамп за да постигнеме траен мир“, напиша Зеленски на социјалната платформа Х.

Зеленски го објави ова ден откако американскиот претседател привремено ја запре американската воена помош за Украина, прекорувајќи го Зеленски за непочитување и неблагодарност кон американската администрација за нејзините напори да стави крај на војната.

Украинскиот претседател посочи дека првите фази од преговорите за ставање крај на војната би можеле да бидат „ослободување на затворениците и прекин на огнот во воздушниот простор: забрана за користење ракети, беспилотни летала со долг дострел, (фрлање) бомби врз енергетската и друга цивилна инфраструктура и итен прекин на огнот на море, доколку Русија го стори истото“.

Тоа е всушност предлогот кој го изнесоа заедно Франција и Велика Британија претходно.

„Потоа сакаме брзо да преминеме низ следните фази и да работиме со САД за да преговараме за силен, конечен договор. Навистина цениме сѐ што направи Америка за да и помогне на Украина да го зачува својот суверенитет и независност. И се сеќаваме на моментот кога работите се променија кога претседателот Трамп испрати (противтенковско оружје) копје во Украина. Ние сме благодарни за тоа“, рече Зеленски.

Зеленски додаде дека состанокот со Трамп во петокот, на кој требаше да потпишат договор за минерали од ретки земји, „не помина добро“ и дека е време тоа да се поправи.

„Би сакале идната соработка и комуникација да бидат конструктивни. Што се однесува до договорот за минерали и безбедност, Украина е подготвена да го потпише во секое време и во пригоден формат. Сметаме дека овој договор е чекор кон поголема безбедност и солидни безбедносни гаранции и искрено се надевам дека ќе функционира ефективно“, напиша украинскиот претседател.

Американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски требаше да го потпишат договорот во петокот во Белата куќа, но поради нивната вербална пресметка настанот беше откажан, а во саботата извори од Белата куќа изјавија дека Вашингтон повеќе не е заинтересиран за украинските ресурси.

globe

Слични новости

Канада им возвраќа на САД со царини од 29,8 милијарди долари

Канада им возвраќа на САД со царини од 29,8 милијарди долари

Канада ќе им воведе на САД царини во вредност од 29,8 милијарди канадски долари почнувајќи од четврток наутро како одговор на царините што ги воведе Вашингтон за челик и алуминиум, изјави канадскиот министер за финансии Доминик Лебланк

Трамп добил „позитивни пораки“ од Москва за примирјето во Украина

Трамп добил „позитивни пораки“ од Москва за примирјето во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата изјави дека американски официјални претставници се упатуваат во Русија на разговори за американско-украинскиот договор за 30-дневен прекин на огнот и за патот кон мировните преговори

На самитот на Г7 нема да разговара за американското „преземање“ на Канада, вели Рубио

На самитот на Г7 нема да разговара за американското „преземање“ на Канада, вели Рубио

Американскиот државен секретар Марко Рубио во средата изјави дека на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од групата Г7, планиран да се одржи во четврток во Канада, нема да се разговара за „преземањето на Канада“ од страна на САД, како што повеќепати споменуваше американскиот претседател Доналд Трамп