Украина никогаш нема да ги признае окупираните територии за руски, изјави во средата украинскиот претседател Володимир Зеленски, ден откако во саудиска Џеда неговите претставници го прифатија американскиот предлог за триесетдневно примирје во војната со Русија.
„Нема да признаеме ниту една од териториите окупирани од Русија. Тоа е факт. Нашиот народ се бореше за ова, нашите херои ги дадоа своите животи. Толку луѓе беа повредени, толку многу страдања издржавме. Затоа никој нема да заборави. Кога велам дека никој нема да заборави, тоа се нашите основни црвени линии“, посочи Зеленски.
Нагласи дека „државата нема да дозволи никој да ги заборави злосторствата извршени врз Украина“.

„Нашите војници ги извршуваат своите задачи во регионот Курск. Русите дефинитивно се обидуваат да извршат максимален притисок врз нашите сили. Воената команда го прави она што треба да го направи, да ги зачува животите на нашите војници“, истакна Зеленски.
Според онлајн мапа на бојното поле во Украина на украинската организација Deep State, украинските сили го напуштиле градот Суџа во областа Курск, каде Москва изминатите денови почна офанзива.
Зеленски потенцира дека Украина покажала подготвеност за примирје и оти сега се очекува одговор од Русија.
„Сѐ зависи од тоа дали Русија сака примирје и тишина или сака да продолжи да убива луѓе … Украина јасно го покажа својот став. Денеска Русија мора да одговори на тоа“, наведе Зеленски.
На вчерашните разговори помеѓу американската и украинската делегација во Саудиска Арабија, Киев изразил подготвеност да го прифати предлогот на САД за итно спроведување на 30-дневен прекин на огнот. Примирјето би можело да биде продолжено доколку Русија го прифати и во исто време се придржува до условите.
Претходно, Москва соопшти пред да го коментира предлогот за примирје ќе го почека извештајот на американските претставници. Вашингтон најави дека денеска ќе разговара со Москва
Слични новости
Трамп добил „позитивни пораки“ од Москва за примирјето во Украина
Американскиот претседател Доналд Трамп во средата изјави дека американски официјални претставници се упатуваат во Русија на разговори за американско-украинскиот договор за 30-дневен прекин на огнот и за патот кон мировните преговори
На самитот на Г7 нема да разговара за американското „преземање“ на Канада, вели Рубио
Американскиот државен секретар Марко Рубио во средата изјави дека на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од групата Г7, планиран да се одржи во четврток во Канада, нема да се разговара за „преземањето на Канада“ од страна на САД, како што повеќепати споменуваше американскиот претседател Доналд Трамп
Лондон е разочаран од американските царини, но не планира контрамерки
Обединетото Кралство нема намера веднаш да воведе контрамерки против Соединетите држави откако во средата стапија на сила царините од 25 отсто за американскиот увоз на челик и алуминиум од целиот свет, како што вети американскиот претседател Доналд Трамп, објави во средата британската влада