Украинската делегација на разговорите со САД во Саудиска Арабија во целост е конструктивна и преговорите се полезни, изјави во неделата украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Нашиот тим работи на целосно конструктивен начин. Разговорот е доста полезен и работата на делегацијата продолжува“, рече Зеленски во телевизиското обраќање.

„Нашиот тим работи на целосно конструктивен начин. Разговорот е доста полезен и работата на делегацијата продолжува“, рече Зеленски во телевизиското обраќање.
„Но, без оглед на тоа што ќе им кажеме на нашите партнери денеска, треба да го принудиме Владимир Путин да даде вистинска наредба за запирање на нападите. Кој и да ја започна оваа војна, мора да ја запре“, рече украинскиот челник.
Средбата на делегациите на САД и на Украина претходи на разговорите меѓу американската и руската делегација закажани за понеделник. Средбата доаѓа по серијата разговори одржани во Саудиска Арабија, прво меѓу САД и Русија, а потоа и меѓу САД и Украина, кога Киев го прифати предлогот за 30-дневен прекин на огнот. Путин се согласи привремено да ги запре нападите врз украинските енергетски постројки, но одби да одобри целосен 30-дневен прекин на огнот.
Слични новости
ОН ќе бидат вклучени во американско-руските преговори за Украина
Разговорите меѓу Русија и САД беа предизвикувачки но полезни, а Обединетите нации и другите земји ќе бидат вклучени во дополнителни дискусии, изјавил за агенцијата ТАСС член на руската делегација на разговорите
Средба на воените команданти на Лондон и Париз пред преговорите за Украина
Британските и француските воени команданти се состанаа во Лондон на почетокот на седмицата којашто ќе ја одбележат дополнителни разговори за плановите за мировната мисија во Украина
Белата куќа очекува позитивно соопштение од преговорите за Украина
Преговорите предводени од САД во саудиската престолнина Ријад со делегациите од Украина и од Русија напредуваат добро и наскоро се очекува позитивно соопштение