Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во петокот во Минхен дека ќе разговара со рускиот лидер Владимир Путин само откако ќе се договори за заеднички план со САД и европските сојузници за ставање крај на војната.
„Ќе се сретнам само со еден Русин, со Путин, и дури откако ќе се договориме за заеднички план со (американскиот претседател Доналд) Трамп и Европа. Тогаш ќе седнеме и ќе ја прекинеме војната. Подготвен сум да се сретнам само во тој случај“, рече Зеленски на прес-конференција на маргините на безбедносната конференција.
Запрашан за неговиот однос со Трамп, тој рече дека републиканскиот претседател му го дал својот приватен телефонски број.

„Беше смешно…ми рече дека можам да му се јавам кога сакам. Му се заблагодарив и го потсетив дека ми го кажа тоа минатиот пат, но не ми го даде неговиот број. Тој рече, во ред, можеш да ми се јавиш кога сакаш“, го раскажа Зеленски разговорот со Трамп.
Трамп ги вознемири сојузниците пред неколку дена кога разговараше со рускиот лидер Владимир Путин и најави почеток на преговорите.
Зеленски инсистира дека САД, Европа и Украина мора да имаат заеднички став пред да разговараат со Москва, а Европската унија го предупреди Вашингтон дека не може да се постигне договор со Путин „зад грбот на стариот континент„.
Контурите на идниот мировен план би можеле да се појават во текот на викендот во Минхен, по средбата на Зеленски со американскиот потпретседател ЏејДи Венс. Зеленски рече дека е подготвен да разговара за сè, од распоредувањето мировници до односите со НАТО, две ситуации што ден претходно беа негатовно оценети од американскиот министер за одбрана Пит Хегсет.
„Но, црвената линија е признавањето на руската анексија на делови од Украина, тоа е запишано во украинскиот устав и само украинскиот народ може да одлучува за промените на границите“, посочи Зеленски.
Слични новости
Политико: Португалија се откажа од купување авиони Ф-35 заради политиката на Трамп
Португалија реши да не ги заменува своите борбени авиони Ф-16 со модерните Ф-35 модели затоа што ситуацијата со претседателот на САД Доналд Трамп доведе до несигурност во врска со односите на Америка и нејзините сојузници
Кремљ: Путин му испратил порака на Трамп во врска со предлогот за прекин на огнот
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека е договорен разговор меѓу Путин и Трамп, но не и времето за разговор.
Данска порачува дека САД не може да го анектираат Гренланд
Министерот за надворешни работи на Данска Ларс Локе Расмунсен изјави дека Гренланд не може да биде анектиран од никого, реагирајќи на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп за можна анексија на Гренланд од Америка.