Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделникот доцна вечерта изјави дека преговорите со Соединетите држави и западноевропските земји со цел завршување на речиси четиригодишната војна со Русија се „многу блиску до вистински резултат“.
Украинските преговарачи, предводени од високиот функционер Рустем Умеров, заедно со претставници од Европа, одржаа серија состаноци со американски претставници, вклучувајќи ги и состаноците одржани во Флорида во последните денови.
И рускиот преговарач Кирил Дмитриев, претставник за економска соработка со странство на претседателот Владимир Путин, одржа одделни разговори со американски претставници во Флорида.
И украинските и руските претставници изјавија дека нивните тимови се враќаат дома во понеделникот за да ги информираат за исходот од разговорите.
„Се чини дека сè вредеше за трудот… И она што е важно тука е дека ова е дело и на нас (Украина) и на Соединетите Американски Држави, што сугерира дека сме многу блиску до вистинскиот резултат“, рече Зеленски на собир посветен на украинските дипломати.
Слични новости
Односите меѓу САД и Европа во опасност ако се изгубат заедничките вредности, предупредува Рубио
Американскиот државниот секрет Марко Рубио во петокот предупреди дека Европа, мислејќи конкретно на Европската унија, би можела да ги изгуби вредностите што ги споделува со Соединетите држави
Рубио: Не можеме да ги принудиме ниту Киев ниту Москва на договор
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави во петокот дека Соединетите државо во мировните преговори за Украина никому не наметнуваат договор, како и дека и Киев и Москва мора да сакаат да го постигнат, и предупреди дека нема да има мир во Газа додека Хамас не биде разоружан
Украина започнува нова рунда разговори со САД
Украинските мировни преговарачи во петокот започнуваат нова рунда разговори со американскиот тим за предлози за прекин на војната со Русија, изјави шефот на делегацијата од Киев, Рустем Умеров


