Украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараше со челниците на Европската комисија и НАТО за тековните напори за преговори за мировен договор за Украина, напиша тој на X во неделата.
„Разговарав со Марк Руте и ќе го продолжиме разговорот во наредните денови“, објави Зеленски за неговиот повик со генералниот секретар на НАТО.
Киев моментално преговара за мировен договор со Вашингтон. Се очекува претставници на САД да пристигнат во Москва на разговори во наредните денови.
„Ова се важни денови и многу работи можат да се променат. Тесно соработуваме…“, рече тој.
Со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, Зеленски разговараше за моменталната дипломатска ситуација. „Целосно се координираме со Европската комисија и сум благодарен за нивната поддршка“, напиша тој.
Покрај нивната заедничка основа за клучните прашања, Зеленски го истакна и разбирањето на фон дер Лајен за зајакнување на украинскиот отпор во услови на континуирани руски напади врз инфраструктурата и енергетските мрежи.
Слични новости
ЕК ги отфрла критиките кон ЕУ во стратегијата на САД
Европската комисија на Урсула фон дер Лајен во петокот ги отфрли критиките на сметка на Европската унија во новиот американски документ во кој се опишува стратегијата за националната безбедност, а истовремено започнаа првите реакции меѓу европските политичари
Шведска ќе ја намали развојната помош за пет земји, ќе ги пренасочи парите за Украина
Шведска ќе ја намали помошта за развој за пет земји во наредните години и ќе ги искористи парите за да ја зголеми поддршката за Украина, соопшти шведската влада во петокот
Путин кај Моди: Продолжуваме да ја снабдуваме Индија со нафта без прекин
Рускиот претседател Владимир Путин, кој се сретна со индискиот премиер Нарендра Моди во петокот Њу Делхи, изјави дека Москва ќе продолжи да „испорачува нафта без прекин“ во Индија


