Украинскиот претседател Володимир Зеленски во четвртокот изјави дека повторно разговарал со специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, Стив Виткоф, и со зетот на Трамп, Џаред Кушнер, за тоа како да се заврши војната со Русија.

„Беше навистина добар разговор, разговаравме за многу детали. Има некои нови идеи за тоа како да се приближиме до вистински мир, а ова се однесува на форматот, состаноците и временската рамка“, објави Зеленски на платформата Telegram.

Трамп се залага за договор за завршување на речиси четиригодишната војна, а мировните напори предводени од Виткоф и Кушнер напредуваат бавно последните седмици. Претходно седмицава Зеленски презентирал нацрт-план за мир од 20 точки, кој го опиша како главна рамка за завршување на војната.

Нацрт-планот е претставн како скратена верзија на оригиналниот план од 28 точки што САД претходно го дискутираа со руската страна, кој се сметаше за во голема мера поволен за Москва бидејќи бараше Киев да отстапи територија и да ја ограничи големината на својата војска, како и правно обврзување за непристапување во НАТО и распоредување на странски трупи на украинската територија.

Клучните територијални прашања остануваат нерешени и во новиот план од 20 точки, рече Зеленски, додавајќи дека ќе биде потребна средба со Трамп за да се решат најчувствителните прашања.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави во четвртокот дека Москва анализира документи за завршување на војната што ги донесе во Москва рускиот специјален претставник Кирил Дмитриев од САД. Белата куќа не одговори веднаш на барањето за коментар од Reuters.

Зеленски рече дека главниот преговарач на Украина, Рустем Умеров, планира да одржи уште еден состанок со американските преговарачи подоцна во текот на денот.

„Вистински работиме 24 часа на ден, седум дена во неделата за да ставиме крај на оваа брутална руска војна против Украина и да обезбедиме сите документи и чекори да бидат реални, ефикасни и сигурни“, рече Зеленски.

globe

Слични новости

Израелската армија тврди дека убила член на силите Кудс во Либан

Израелската армија тврди дека убила член на силите Кудс во Либан

Израелската војска во четвртокoт објави дека нејзините сили кои окупираа региони во во Либан убиле член на Бригадите Ал Кудс за кои се тврди дека наводно се поврзани со Иран, а кој наводно бил вклучен во планирањето напади од Сирија и Либан

Болсонаро ја поддржува кандидатурата на својот син за претседател на Бразил

Болсонаро ја поддржува кандидатурата на својот син за претседател на Бразил

Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро ја поддржа во четвртокот претседателската кандидатура на својот син за изборите следната 2026 година, накратко излегувајќи од затвор за уште една операција откако пред седум години беше прободен со нож