По вториот ден од трилатералните разговори меѓу Украина и Русија, со посредство на САД во Женева, нема конкретен напредок, иако преговарачите на двете страни изнесоа умерен оптимизам.

Претседателот на Украина Володимир Зеленски во меѓувреме изјави дека украинските сили се подготвени да го почитуваат прекинот на огнот доколку постои политичка волја за негово спроведување и посочи дека мониторингот би ги вклучил и САД.

Во фокус на разговорите биле територијалните аранжмани, енергетската безбедност и идниот статус на нуклеарната централа Запорожје, но главните несогласувања се околу територијата.

Територијалните прашања и понатаму се централната пречка. Киев смета дека замрзнување на сегашната линија на фронтот е најреалната основа за почетен прекин на огнот.

Москва, пак, инсистира украинските сили целосно да се повлечат од Донбас како предуслов за каков било договор и позиција што за Украина е неприфатлива како стартна точка.

Слични новости

Израелската армија навлезе во јужен Либан

Израелската армија навлезе во јужен Либан

Израелската војска соопшти дека почнала „целна копнена операција против клучни цели“ во јужен Либан, испраќајќи повеќе сили подлабоко во областа како дел од проширената тампон-зона