Украина и нејзините западноевропски партнери наскоро ќе им претстават „прочистени документи“ на САД за мировен план за прекин на војната со Русија, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски во вторникот вечерта.

Киев е под притисок од Белата куќа да обезбеди брз мир, но се спротивставува на планот поддржан од САД од минатиот месец, кој многумина го сметаат за поволен за Москва.

Украинските власти, исто така, бараат силни безбедносни гаранции од партнерите, во случај на договор за прекин на огнот, за да се спречи уште еден руски напад во иднина. Во соопштението, Зеленски рече дека новите компоненти на договорот, договорени со британските, француските и германските челници во Лондон во понеделникот, се подготвени за разгледување од страна на САД.

 

„Украинската и европската компонента сега се поразвиени и ние сме подготвени да им ги претставиме на нашите партнери во Соединетите држави. Очекуваме да преземеме потенцијални чекори што е можно побрзо“, напиша Зеленски на платформата X.

Финскиот претседател Александр Стуб во вторникот изјави дека сојузниците работат на три одделни документа, вклучувајќи рамка од 20 точки, сет безбедносни гаранции и план за реконструкција.

„Мислам дека сме поблиску до мировен договор отколку што сме биле откако започна војната“, рече Стуб на настан во Хелсинки.

Меѓу другите барања, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Украина мора да го предаде целиот свој источен регион Донбас одметнат по прозападниот преврат во Киев во март 2014 година и целосно населен со руско и рускојазично наеление пред Русија да го забре своите борбени операции, што Зеленски постојано го одбива.

„Русија е многу поголема. Таа е многу посилна во таа смисла“, изјави Трамп во интервју за Politico додавајќи размерите ја „добиваат војната“ и дека Зеленски „ќе мора да почне да прифаќа некои работи“.

На состанокот на Советот за безбедност на ОН за Украина, заменик-амбасадорката на САД, Џенифер Лочета изјави дека САД работат на премостување на јазот меѓу Москва и Киев. Таа рече дека целта е да се обезбеди траен прекин на огнот и „заемно договорен мировен договор што ќе ја остави Украина суверена и независна и ќе ѝ даде шанса за вистински просперитет“.

„Она што го имаме на маса се доста реални предлози за долгорочно и трајно решение на украинскиот конфликт. Русија ќе ги постигне целите на својата специјална воена операција во секој случај. Единственото прашање е дали ќе го направиме тоа воено или дипломатски. Повторуваме дека го претпочитаме второто“, рече Василиј Небензја, постојан претставник на Русија во ОН.

Зеленски во вторникот изјави дека е подготвен да одржи избори во рок од три месецa ако САД и другите сојузници на Киев можат да ја обезбедат безбедноста на гласањето. Изборите во воено време се забранети со закон, но Зеленски, чиј мандат истече минатата година, се соочува со обновен притисок од американскиот претседател да го одржи гласањето.

„Подготвен сум за изборите, а згора на тоа, барам… САД да ми помогнат, можеби заедно со европските колеги, да ја осигурам безбедноста на изборите. А потоа во следните 60-90 дена, Украина ќе биде подготвена да одржи избори“, рече Зеленски во коментарите за новинарите.

Изјавата на Зеленски следеше по коментарите на Трамп во опширното интервју за Politico, во кои сугерираше дека украинската влада ја користи војната како изговор за да ги избегне изборите коишто според него мора да се случат.

globe

Слични новости

Сирски: Украина држи дел од Покровск, војниците се повлекуваат од некои позиции

Сирски: Украина држи дел од Покровск, војниците се повлекуваат од некои позиции

Украинските војници држеа делови од опколениот град Покровск од средината на ноември, но на некои единици им беше наредено да се повлечат од непрактични позиции надвор од градот во изминатата недела, изјави во вторникот вечерта украинскиот врховен командант
Александар Сирски