Украина е подготвена за мировни преговори но нема прво да ги повлече своите војници од дополнителна територија како што бара Русија, изјави во вторникот украинскиот претседател Володмир Зеленски.
Во коментарите за медиумите, Зеленски изјави дека е подготвен да ги одржи преговорите каде и да е освен во Русија или на териториајта на нејзината сојузничка Белорусија.
Плановите за скорешниот самит во унгарската престолнина Будимпешта меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега по должност Доналд Трамп се замрзнати, а наводно затоа што Москва останала истрајна во барањето Украина да предаде дополнителна територија која сѐ уште ја контролира во регионите кои мнозински под конторла на руската војска како главен предуслов за прекин на огнот.
Трамп го поддржа украинскиот повик за непосредно примирје на основа на моменталната линија на фронтот, но Русија вели дека веќе има искуство од март 2022 и од периодот од 2014 година кога Киев ги искористи преговорите за да се вооружи и да ги прегупира силите. Затоа Москва постави услови во евентуалениот прекин на огнот да нема преместување на единиците, да нема нови испораки на западно оружје и да запрат увежбувањата на украинските војници од западни офицери, како во странство, така и на украинска територија.
„Апсолутнно е јасно дека на дипломатијата ѝ пристапуваме исклучително од позицијата на којашто сега стоиме. Нема да отстапуваме и да го оставиме овој или оној дела од нашата држава. А важен резултат е дека американската страна тоа конечно го направи јавен сигнал: претседателот Трамп излезе со такава порака“, изјави Зеленски во вторникот на брифинг со повеќе медиуми.
Зеленски рече и дека е подготвен да присуствува на преговорите дури и кога тие би се одржале во Унгарија и покрај резервираноста на некои ставови на унгарскиот премиер Виктор Орбан, за кој рече дека „блокира сѐ за Украина“. „Речиси и да не е важно, само да не бидат во Русија, секако, а дефинитивно не во Белорусија“.
Исто така, Зеленски ги повика американските парламентарци да изгласаат построги санкции за Русија отоако Трамп го воведе за двете најголеми руски нафтени компании. Украина ќе треба стабилно финансирање од своите европски сојузници уште две или три години, рече Зеленски.
Слични новости
Замир постави нова граница со Појасот Газа
Началникот на Генералштабот на израелската армија, Ејал Замир, изјави дека линијата до која се повлекоа израелските сили сега е новата граница меѓу Израел и палестинските територии
Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе
Индонезија се справува со последиците од масовните лизгања на земјиштето и ненадејните поплави предизвикани од циклонот на островот Суматра минатата седмица, при што бројот на жртвите во неделата надмина 900 луѓе
Макрон по примерот на Трамп ѝ се закани со царини на Кина
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека му се заканил на Пекинг со царини за време на посетата на Кина доколку не преземе мерки насочени кон намалување на растечкиот трговски суфицит со Европската унија


