Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, во среда ќе допатува во Турција и ќе учествува во разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави турски извор за Reuters во вторникот.
Претходно Зеленски објави дека утре ќе биде во Турција по неговата днешена посета на Шпанија, додавајќи дека Украина се подготвува за повторно започнување преговори и дека „развила решенија“ што ќе им ги предложи на своите партнери. Виткоф ги предводеше дипломатските напори на Вашингтон за завршување на војната во Украина, состанувајќи се неколку пати со рускиот претседател Владимир Путин во Москва.
„Утре ќе одржам состаноци во Турција. Се подготвуваме да ги обновиме преговорите и развивме решенија што ќе им ги предложиме на нашите партнери“, објави тој на социјалните мрежи.
„Исто така, работиме на продолжување на размената на затвореници и враќање на нашите затвореници дома“, наведе Зеленски.
Украинскиот челник не сподели со кои официјални лица планира да се сретне, но турски извор во вторникот изјави дека специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, ќе ја посети Турција во среда и ќе се придружи на планираните разговори со украинскиот претседател.
Русија сè уште не одговорила на најавата на украинскиот претседател.
Во Истанбул се одржаа неколку рунди разговори во обид да се стави крај на руската инвазија на Украина, која започна во 2022 година, но разговорите досега не донесоа никаков значаен напредок.
Размената на затвореници и враќањата на останките се единствените конкретни резултати од овие разговори. Последната размена на затвореници беше во октомври.
Ставовите на двете страни за условите за мир, прекин на огнот, па дури и средба меѓу претседателите на завојуваните страни остануваат дијаметрално спротивни.
Володимир Зеленски од понеделник е на турнеја низ европските земји за да побара поголема поддршка од своите сојузници додека Русија ја бомбардира украинската енергетска инфраструктура пред зимата.
Тој треба да се сретне со шпанскиот премиер Педро Санчез и кралот Филип VI во вторник, еден ден по посетата на Франција.
Слични новости
Европските лидери разговараа за Украина со Трамп во „клучен момент“ за мирот
Лидерите на Велика Британија, Франција и Германија во средата разговараа со американскиот претседател Доналд Трамп за најновите мировни напори на Вашингтон за ставање крај на војната во Украина, во она што го опишаа како „критичен момент“ во процесот
Зеленски вели дека е подготвен за избори ако партнерите гарантираат безбедност
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да одржи избори во рок од 60 до 90 дена, дури и додека војната со Русија продолжува, ако САД и Европа можат да ја гарантираат безбедноста на таквото гласање
Тајландски борбени авиони ја нападнаа Камбоџа
Тајландски борбени авиони ја нападнаа Камбоџа во средата наутро, по ескалацијата на граничните конфликти меѓу двете азиски земји, според локалните камбоџански медиуми


