Американскиот претседател  Доналд Трамп засега нема да ѝ испорача крстосувачки ракети „Томахавк“ на Украина: „Се надеваме дека Украина воопшто нема да има потреба од ова оружје”, изјави Трамп на состанокот со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа.

„Се надеваме дека ќе можеме да ја завршиме војната без да размислуваме за ‘Томахавк’“, рече Трамп. Американскиот претседател повторно изрази увереност дека може да го убеди рускиот лидер Владимир Путин да ја заврши војната.

На состанокот во Белата куќа Зеленски му понудил на Трамп размена: САД, кои имаат „Томахавк“ и други „многу моќни“ крстосувачки ракети, за возврат од Украина би можела да добијат „илјадници беспилотни летала“.

Според извори во украинската делегација, Зеленски му покажал на Трамп и мапа на потенцијални цели за напади во Русија, вклучувајќи ги и локациите на руската одбранбена индустрија.

Зеленски по состанокот на новинарите им изјави дека Русија се „плаши“ од ракетите „Томахавк“ бидејќи тие се „моќно оружје“. Сепак, тој  е „реалистичен“ во врска со очекуваната испорака: иако разговарал за тоа со Трамп, САД „не сакаат ескалација“.

Слични новости

Филипче најави дека СДСМ ќе поднесе резолуција во Собранието за мигрантите – ако не биде прифатена, ќе има протести

Филипче најави дека СДСМ ќе поднесе резолуција во Собранието за мигрантите – ако не биде прифатена, ќе има протести

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска најави нов институционален чекор за одбрана на земјата од, како што вели, веќе договорениот прием на мигранти во Македонија