Американскиот претседател Доналд Трамп засега нема да ѝ испорача крстосувачки ракети „Томахавк“ на Украина: „Се надеваме дека Украина воопшто нема да има потреба од ова оружје”, изјави Трамп на состанокот со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа.
„Се надеваме дека ќе можеме да ја завршиме војната без да размислуваме за ‘Томахавк’“, рече Трамп. Американскиот претседател повторно изрази увереност дека може да го убеди рускиот лидер Владимир Путин да ја заврши војната.
На состанокот во Белата куќа Зеленски му понудил на Трамп размена: САД, кои имаат „Томахавк“ и други „многу моќни“ крстосувачки ракети, за возврат од Украина би можела да добијат „илјадници беспилотни летала“.
Според извори во украинската делегација, Зеленски му покажал на Трамп и мапа на потенцијални цели за напади во Русија, вклучувајќи ги и локациите на руската одбранбена индустрија.
Зеленски по состанокот на новинарите им изјави дека Русија се „плаши“ од ракетите „Томахавк“ бидејќи тие се „моќно оружје“. Сепак, тој е „реалистичен“ во врска со очекуваната испорака: иако разговарал за тоа со Трамп, САД „не сакаат ескалација“.
Слични новости
Зеленски подготвува да им претстави ажуриран мировен план на САД
Украина и нејзините западноевропски партнери наскоро ќе им претстават „прочистени документи“ на САД за мировен план за прекин на војната со Русија, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски
Сирски: Украина држи дел од Покровск, војниците се повлекуваат од некои позиции
Украинските војници држеа делови од опколениот град Покровск од средината на ноември, но на некои единици им беше наредено да се повлечат од непрактични позиции надвор од градот во изминатата недела, изјави во вторникот вечерта украинскиот врховен командант
Александар Сирски
Трамп тврди дека не ѝ ветил на Унгарија „финансиски штит“ од 20 милијарди долари
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не ветил 20 милијарди долари финансиска поддршка за Унгарија, што е спротивно на претходните изјави на унгарскиот премиер Виктор Орбан


