Украина ќе продолжи да соработува со партнерите, вклучувајќи ги и Соединетите држави, на мировни предлози, изјави претседателот Володимир Зеленски во понеделникот, на вториот ден од разговорите во Швајцарија откако Вашингтон предложи план со кој се повикува на отстапки од Киев.

„Сите ние продолжуваме да соработуваме со партнерите, особено со САД, за да бараме компромиси што ќе нè зајакнат, но нема да нè ослабнат“, рече Зеленски преку видео врска од Шведска, каде што присуствуваше на самит на земјите што бараат повлекување на Русија, вклучително и од црноморскиот полуостров Крим.

Во неделата, Украина и САД објавија во заедничка изјава дека развиле „подобрена мировна рамка“ по разговорите во Женева, иако не дадоа детали.

Зеленски рече дека Русија „мора да плати за војната во Украина“ и дека одлуката за користење на замрзнатите руски средства е клучна.

„Во моментов сме во критичен момент“, рече тој. „Има многу врева во медиумите, и целиот овој политички притисок, а уште поголема одговорност за одлуките што претстојат“, додаде тој.

САД и Украина ги продолжија разговорите во Швајцарија во понеделникот за да изработат заемно прифатлив мировен план, откако наводно се согласиле да го изменат предлогот на Вашингтон што Киев и неговите европски сојузници наводно го отфрлиле како „список на желби на Кремљ“.

Вашингтон и Киев во заедничка изјава изјавија дека изработиле „прочистена мировна рамка“ по првиот ден од разговорите во Женева во неделата, иако не дадоа детали.

САД ги изненадија Киев и европските земји со мировен план од 28 точки минатата седмица, давајќи ѝ на Украина рок до четврток да се согласи на рамка за ставање крај на најсмртоносната војна во Европа од Втората светска војна.

По разговорите во неделата немаше изјава за тоа како наводно „ревидираниот“ план ќе се справи со спорните прашања како што се како да се гарантира безбедноста на Украина од идните руски закани и како да се финансира реконструкцијата на Украина.

Американскиот претседартел Доналд Трамп продолжи да врши притисок врз Украина да постигне договор. Државниот секретар Марко Рубио, кој ја предводеше американската делегација за време на разговорите во неделата, рече дека рокот од четврток за договор можеби нема да биде конечен.

Зеленски би можел да отпатува во Соединетите држави уште оваа седмица за да разговара за најчувствителните аспекти на планот со Трамп, според извори запознаени со ова прашање.

Првичниот предлог од 28 точки, поднесен од Соединетите држави минатата седмица, ја повика Украина да се откаже од територии, кои се барања на Москва коишто Киев ги отфрлаше досег.

Оригиналниот план на САД ги изненадил дури и некои американски претставници, а којшто според телевизиската мрежа NBC News, цитирајќи висок функционер на американската администрација, го составиле специјалниот претставник на САД Стив Виткоф кој неколкупати престојуваше во Москва, потпретседателот ЏeјДи Венс, државниот секретар Марко Рубио и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер. Според агенцијата Reuters планот бил договорен во октомври во Мајами на состанокот на кој присуствувале Виткоф, Кушнер и Кирил Дмитриев, претставник на рускиот претседател.

globe

Слични новости

Замир постави нова граница со Појасот Газа

Замир постави нова граница со Појасот Газа

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Ејал Замир, изјави дека линијата до која се повлекоа израелските сили сега е новата граница меѓу Израел и палестинските територии

Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе

Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе

Индонезија се справува со последиците од масовните лизгања на земјиштето и ненадејните поплави предизвикани од циклонот на островот Суматра минатата седмица, при што бројот на жртвите во неделата надмина 900 луѓе