Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека последната од серијата состаноци со западните сојузници во Германија резултирала со ветувања за дополнителна воена помош од две милијарди долари во војната против Русија.
Зеленски, говорејќи за телевизискиот канал Моја Украина по состанокот во четвртокот, даде неколку детали за помошта, велејќи дека 34 земји ветиле поддршка во различни аспекти.
Тој го опиша состанокот како „многу добар“, истакнувајќи дека на Украина ѝ биле ветени дополнителни пакети за поддршка во вредност од две милијарди долари, кои вклучуваат противвоздушна одбрана, информатичка технологија, технологија за деминирање, а поддршката важи и за поморските и воздушните сили и артилеријата.
„И сето тоа ќе ја зајакне Украина“, рече Зеленски, без да открие за кои земји станува збор.
Зеленски во четвртокот беше на средба со сојузниците во американската воена база во Рамштајн во Германија, на која беше спомената висината на помошта во вредност од околу половина милијарда долари. Украинскиот лидер потоа се состана со италијанската премиерка Џорџа Мелони во Рим, со која разговараше за подобрување на противвоздушната одбрана на Украина и напорите за формирање унифицирана позиција насочена кон придвижување кон решавање на војната
Агенцијата Reuters објави дека американскиот државен секретар на заминување Ентони Блинкен претходно изјавил дека Вашингтон ќе ѝ обезбеди на Украина дополнителна воена помош од 500 милиони долари, вклучувајќи ракети за противвоздушна одбрана, проектили воздух-земја и опрема за поддршка на борбените авиони „F-16“.
Слични новости
Расте бројот на жртвите и износот на штетите од пожарите во Лос Анџелес
Бројот на загинати во разорните пожари што беснеат низ Лос Анџелес во петокот се искачи на десет, при што огнената стихија уништи речиси 10.000 згради и не покажува знаци на стивнување
САД: Судот го суспендираше договорот со обвинетите за организирање на терористичките напади од 11. септември
Судот донесе привремено запирање на постапката, со што ги стопираше сите чекори поврзани со предложената спогодба до донесување конечна одлука
Значајно поголем број на убиени во Газа од тоа што е пријавено
Проценката на студијата е дека во првите девет месеци од војната од октомври 2023 до јуни 2024 дошло до 64.260 смртни случаи од директни таруматски повреди, што е 41 насто повеќе од службената бројка што ја објави Палестинското министерство за здравство.