Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека Украина им предала на американските преговарачи предлози за план за завршување на војната со Русија.
Изјавата на Зеленски за новите предлози за мировни преговори доаѓа во услови на најави од Москва и Киев дека американските преговарачи наскоро би можеле да ги посетат двете земји.
Ги предадовме нашите предлози на американската страна. Но, Соединетите Американски Држави можат да помогнат во зајакнувањето на нашата одбрана, пред се со испораки на системи за противвоздушна одбрана и со притисок врз Русија да се подготвува за крај на војната, а не за продолжување на конфликтот, рече Зеленски во своето видео-обраќање.
Слични новости
Епидемијата на ебола во Конго се потешка: Повеќе од 2.300 потврдени случаи
Директорот за вонредни ситуации на СЗО Чикве Ихеквезу изјави дека вистинската бројка на случаи на ебола во Конго е најмалку двојно повисока, а можно е да изнесува и четири пати повеќе од официјалната бројка.