За праведен мир во Украина и за „запирање“ на рускиот претседател Владимир Путин, потребно е единство на САД и Европската унија, како и во рамките на самата ЕУ, изјави во четвртокот украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Мораме да го постигнеме тоа единство за да постигнеме мир и само САД заедно со Европа можат да го запрат Путин и да ја спасат Украина“, рече Зеленски пред почетокот на самитот на ЕУ, на кој е поканет.

На прашањето дали Европа може сама да ја поддржи Украина, доколку новиот американски претседател престане да го прави тоа, Зеленски рече дека „би било многу тешко“.
„Ќе разговараме за ова кога Трамп ќе дојде во Белата куќа“, додаде украинскиот претседател.
Главни теми на самитот се помошта за Украина и улогата на ЕУ во светот.
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта го повтори ставот на ЕУ дека ќе стои на страната на Украина сѐ додека тоа е потребно.
„Можете да сметате на нашата целосна и непоколеблива поддршка, сеедно и колку и да е потребно“, рече Кошта, обраќајќи му се на Зеленски.
Слични новости
Путин: Со Украина не е договорен мир поради „човекот со чудна фризура“
Претседателот на Русија, Владимир Путин, на традиционалната прес-конференција за крајот на годината, го обвини „човекот со чудна фризура“ дека и забранил на Украина да договори мир
ХРВ: Ускратувањето вода од страна на Израел во Газа е чин на геноцид
Меѓународната организација за човекови права Human Rights Watch (HRW) во извештајот во четвртокот соопшти дека Израел убил илјадници Палестинци во Газа со тоа што им го ускратил пристапот до чиста вода, што според неа правно е чин на геноцид и истребување
Зеленски разговарал со шефот на НАТО и европските лидери за безбедносните гаранции на Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленскии во средата вечерта разговарал со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и други европски челници, со цел да добие итна помош за зајакнување на воените напори на Киев и да разговара за долгорочните безбедносни гаранции