Украинскиот претседател Володимир Зеленски го отфрли предлогот на германскиот канцелар Фридрих Мерц Украина да добие статус на придружна членка на ЕУ, порачувајќи дека Киев не прифаќа ограничен формат без право на глас.
Зеленски испратил писмо до ЕУ во кое оценил дека би било неправедно Украина да учествува во работата на европските институции, а да нема право на глас, пренесува Ројтерс.
Зеленски смета дека е дојдено време за целосно членство на Украина во ЕУ.
Тој истакна дека Украина која од пшочетокот на војната добила силна политика, финансиска и воена поддршка од Брисел, „очекува праведен пристап и еднакви права во Европа“.
Претходно германскиот канцелар Фридрих Мерц предложи на Украина да и се додели придружен статус без право на глас кој требаше да биде компромис меѓу барањата на Украина за полноправно членство и резервите во Унијата каде што некои земји членки сметаат дека членството на Украина во ЕУ не е реално за кус рок.
Слични новости
Цените на нафтата пораснаа откако Трамп кажа дека Кина ќе купува американска нафта
Цената на сировата нафта тип од типот „Брент“ порасна за 1,17 долари, односно 1,11 отсто, на 106,89 долари за барел. Американската „лесна“ нафта поскапе за 1,10 долари односно за 1,09 отсто, на 102,27 долари за барел.
Украина силно возврати по нападите од Русија
Украина синоќа возврати со голем напад со беспилотни летала врз руска воена и енергетска инфраструктура, само ден по смртоносниот руски ракетен напад врз Киев во кој загинаа најмалку 21 лице.
Арагчи: Израел и САД не можат да донесат безбедност на ОАЕ
Иранскиот министер за надворешни работи, изјави дека ги предупредил Обединетите Арапски Емирати дека САД и Израел не можат да ја донесат безбедноста на земјата.


