Украинскиот претседател Володимир Зеленски го отфрли предлогот на германскиот канцелар Фридрих Мерц Украина да добие статус на придружна членка на ЕУ, порачувајќи дека Киев не прифаќа ограничен формат без право на глас.

Зеленски испратил писмо до ЕУ во кое оценил дека би било неправедно Украина да учествува во работата на европските институции, а да нема право на глас, пренесува Ројтерс.

Зеленски смета дека е дојдено време за целосно членство на Украина во ЕУ.

Тој истакна дека Украина која од пшочетокот на војната добила силна политика, финансиска и воена поддршка од Брисел, „очекува праведен пристап и еднакви права во Европа“.

Претходно германскиот канцелар Фридрих Мерц предложи на Украина да и се додели придружен статус без право на глас кој требаше да биде компромис меѓу барањата на Украина за полноправно членство и резервите во Унијата каде што некои земји членки сметаат дека членството на Украина во ЕУ не е реално за кус рок.  

Слични новости

Претседателскиот Кабинет без реакција за наводната шпионска афера

Претседателскиот Кабинет без реакција за наводната шпионска афера

Министерството за внатрешни работи, пак, одговори дека сè уште се вршат вештачења, а се извршени и службени разговори со вработени во кабинетот. Според сознанија на Телма, службеникот за кого се води постапката е отстранет од работното место додека трае истрагата.