Украинскиот претседател Володимир Зеленски го отфрли предлогот на германскиот канцелар Фридрих Мерц Украина да добие статус на придружна членка на ЕУ, порачувајќи дека Киев не прифаќа ограничен формат без право на глас.

Зеленски испратил писмо до ЕУ во кое оценил дека би било неправедно Украина да учествува во работата на европските институции, а да нема право на глас, пренесува Ројтерс.

Зеленски смета дека е дојдено време за целосно членство на Украина во ЕУ.

Тој истакна дека Украина која од пшочетокот на војната добила силна политика, финансиска и воена поддршка од Брисел, „очекува праведен пристап и еднакви права во Европа“.

Претходно германскиот канцелар Фридрих Мерц предложи на Украина да и се додели придружен статус без право на глас кој требаше да биде компромис меѓу барањата на Украина за полноправно членство и резервите во Унијата каде што некои земји членки сметаат дека членството на Украина во ЕУ не е реално за кус рок.  

Слични новости

Иран и САД не постигнаа договор за завршување на војната, но разликите се намалени

Иран и САД не постигнаа договор за завршување на војната, но разликите се намалени

Иран и САД сеуште не постигнаа договор за завршување на војната, но разликите меѓу Вашингтон и Техеран се сепак намалени, изјави висок ирански извор за Ројтерс. Меѓу спорните точки остануваат иранското збогатување на ураниум и контролата врз Ормутскиот теснец.

Трамп најави дополнителни 5.000 американски војници во Полска

Трамп најави дополнителни 5.000 американски војници во Полска

Соединетите Американски Држави ќе испратат дополнителни 5.000 војници во Полска, соопшти американскиот претседател Доналд Трамп. Оваа најава на Трамп доаѓа по само два дена откако потпретседателот Џеј Ди Венс пред новинарите изјави дека распоредувањето на американските сили во Полска се одложува.