Украинскиот претседател Володимир Зеленски го именуваше шефот на военото разузнавање, Кирило Буданов, за нов шеф на претседателскиот кабинет.

Зеленски денеска на социјалните мрежи извести за состанокот со Буданов, за време на кој му ја понудил оваа функција.

Буданов претходно раководеше со воената разузнавачка служба ХУР. Зеленски истакна дека Украина мора повеќе да се фокусира на безбедносните прашања, развојот на своите одбранбени и безбедносни сили и дипломатските преговори.

Претседателскиот кабинет ќе им даде приоритет на овие задачи, напиша Зеленски, додавајќи дека Буданов „има специјализирано искуство во овие области и доволно сила да постигне резултати“.

Набргу потоа, Буданов ја сподели објавата на Зеленски на својот канал на Телеграм. Во посебна објава, тој напиша дека за него претставува чест и одговорност да се фокусира на прашањата за стратешката безбедност на Украина во овој историски момент за земјата.

Буданов го наследува Андриј Јермак, кој поднесе оставка откако неговиот дом беше претресен од антикорупциските власти на крајот на ноември. Јермак е долгогодишен човек од доверба на Зеленски и беше централна фигура во преговорите со Соединетите Американски Држави за ставање крај на војната.

Украина, која речиси четири години се брани од руската инвазија, со недели е потресена од корупциски скандал кој допира до највисоките нивоа на власта, потсетува dpa.

globe

Слични новости

Унгарија стави вето за нови санкции против Русија и финанска помош од ЕУ за Украина на четиригодишнината од војната

Унгарија стави вето за нови санкции против Русија и финанска помош од ЕУ за Украина на четиригодишнината од војната

Унгарија го блокираше 20-тиот пакет санкции против Русија и заемот од 90 милијарди евра за Украина, барајќи Киев да го врати транзитот на нафта преку нафтоводот „Дружба“.