Украинскиот претседател Володимир Зеленски во средата вечерта изјави дека разговарал со неговиот француски колега по должност Емануел Макрон за неговиот предлог за распоредување странски војници во Украина како „начин за постигнување стабилен мир“.
„Ние споделуваме заедничка визија: сигурните гаранции се клучни за мирот што навистина може да се постигне“, напиша Зеленски на платформата Х откако допатува во Брисел на средби со шефовите на НАТО и европските челници.
„Продолживме да работиме на иницијативата на претседателот Макрон за присуство на сили во Украина кои би можеле да придонесат за стабилизирање на патот кон мирот“, додава Зеленски.
Оваа можност во борбена мисија првпат беше спомната од францускиот претседател Емануел Макрон во февруари, но беше остро критикувана и отфрлена од европските сојузници, кои тогаш воопшто не постигнаа консензус за ова прашање за кое се смета дека може да ги вовлече западните земји во директна воена конфронтација со Русија.
Украинскиот лидер јавно ја изнесе идејата за распоредување странски трупи додека Украина не се приклучи на НАТО за време на состанокот со германски политичар на 9-ти декември. Зеленски ја повтори и во средата на заедничката прес-конференција со полскиот премиер Доналд Туск кој повтори дека Полска не размислува за испраќање војници, но рече дека неговата земја ќе направи сѐ што е во нејзина моќ членството на Украина во НАТО да стане реалност.
Агенцијата Reuters во средата објави, цитирајќи дипломати, дека европските земји разговараат за испраќање војници во Украина во случај на прекин на огнот или мировен договор, бидејќи новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп јасно стави до знаење дека нема да ги стави американските чизми на тамошната почва за да гарантира безбедност.
Разговорите, предводени од францускиот претседател Макрон, се во рана фаза, но веќе открија поделбите околу можните цели и мандатот на таквата мисија – па дури и разборитоста да се покрене таквото прашање во овој момент, наводува Reuters, додавајќи дека таквата воена сила ќе го зголеми ризикот од директен конфликт на НАТО со Русија.
Трамп, во согласност со својата политика уште од првиот претседателски мандат кога уверуваше дека САД нема да ја бидат повеќе „светски полицаец“ ја отфрлил можноста американските трупи да играат улога во спроведувањето на примирјето и инсистирал на тоа дека Европејците ќе треба сами да ја играат таа ролјаа, во разговорите со Макрон и Зеленски во Париз на 7-ми декември, според два извора.
Големите европски земји како Франција, Германија, Италија, Полска или Велика Британија би можеле да го сочинуваат најголемиот дел од силите, цитира Reuters неименувани европски функционери.
Слични новости
Денеска во Брисел самит ЕУ-Западен Балкан
На крајот од самитот е предвидена заедничка декларација во која ќе се потврди целосната и недвосмислена посветеност на перспективата на членството на западен Балкан во ЕУ.
Русија го уапси атентаторот на генерал Кирилов
Руската Федерална служба за безбедност соопшти дека денекса е уапсен осомничениот за терористичкиот напад во кој беше убиен начелникот на руската...
На Мајот стравуваат од „десетици илјади“ можни жртви на циклонот
Три дена откако циклонот Шидо ја погоди француската прекуморска територија во Источна Африка, службите за итни случаи не регистрираа многу повреди, поради што стравуваат од најлошото