Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека имал „добар разговор“ со американскиот потпретседател ЏејДи Венс, но додаде дека е неопходна дополнителна работа на планот за завршување на војната во Украина.
Двајцата лидери се сретнаа на маргините на Минхенската безбедносна конференција, каде што одржаа краток билатерален состанок.

По разговорот, Венс изјави дека имале „неколку продуктивни дискусии“ и дека остануваат прашања што треба да се доработат. Тој, сепак, избегна да одговори дали САД ќе водат преговори со рускиот претседател Владимир Путин без Украина.
„Важно е да почнеме да ги водиме неопходните разговори за затворање на ова прашање, изјави Ванс. – Тоа е сè што ќе кажам за сега, бидејќи сакам да ги зачувам можностите за нашите преговарачи и тимовите што работат на одговорно затворање на ова прашање“, додаде.
Зеленски, пак, порача дека ова е само првиот од многуте состаноци.
„Имавме добар разговор денеска, наш прв, но не и последен. Треба повеќе да зборуваме, повеќе да работиме и да го подготвиме планот за тоа како да го запреме Путин“, истакна украинскиот претседател.
Слични новости
Повеќе стотици илјади луѓе на протести во Белград
Како што јавуваат српските медиуми цел Белград е закрчен од луѓе, а во градот нема јавен превоз поради безбедносни причини од 09 часот изутрината.
Администрацијата на Трамп разгледува забрана за патување во САД за граѓани на голем број земји
Иницијативата за забрана за влез во САД е дел од иницијативата на Трамп за заострување на имиграциската политика на САД.
Тензично во Белград пред големиот студентски протест закажан за 16 часот
Синоќа од разни правци на Србија пристигнуваа студенти кои беа пречекани од Белграѓани кои ги дочекаа на Теразије. Се проценува дека излегоа над 30.000 граѓани да ги дочекаат студентите