Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека имал „добар разговор“ со американскиот потпретседател ЏејДи Венс, но додаде дека е неопходна дополнителна работа на планот за завршување на војната во Украина.

Двајцата лидери се сретнаа на маргините на Минхенската безбедносна конференција, каде што одржаа краток билатерален состанок.

По разговорот, Венс изјави дека имале „неколку продуктивни дискусии“ и дека остануваат прашања што треба да се доработат. Тој, сепак, избегна да одговори дали САД ќе водат преговори со рускиот претседател Владимир Путин без Украина.

„Важно е да почнеме да ги водиме неопходните разговори за затворање на ова прашање, изјави Ванс. – Тоа е сè што ќе кажам за сега, бидејќи сакам да ги зачувам можностите за нашите преговарачи и тимовите што работат на одговорно затворање на ова прашање“, додаде.

Зеленски, пак, порача дека ова е само првиот од многуте состаноци.

„Имавме добар разговор денеска, наш прв, но не и последен. Треба повеќе да зборуваме, повеќе да работиме и да го подготвиме планот за тоа како да го запреме Путин“, истакна украинскиот претседател.

globe

Слични новости

Илјадници Турци протестираа поради апсењето на градоначалникот на Истанбул

Илјадници Турци протестираа поради апсењето на градоначалникот на Истанбул

Илјадници Турци излегоа синоќа на улиците во поголемите градови Турција трета ноќ по ред, барајќи од властите да го укинат притворот на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, пренесуваат светските агенции. Протести се одржаа во големите градови Истанбул. Анкара и Измир и покрај забраната за јавни собири.