Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека имал „добар разговор“ со американскиот потпретседател ЏејДи Венс, но додаде дека е неопходна дополнителна работа на планот за завршување на војната во Украина.
Двајцата лидери се сретнаа на маргините на Минхенската безбедносна конференција, каде што одржаа краток билатерален состанок.

По разговорот, Венс изјави дека имале „неколку продуктивни дискусии“ и дека остануваат прашања што треба да се доработат. Тој, сепак, избегна да одговори дали САД ќе водат преговори со рускиот претседател Владимир Путин без Украина.
„Важно е да почнеме да ги водиме неопходните разговори за затворање на ова прашање, изјави Ванс. – Тоа е сè што ќе кажам за сега, бидејќи сакам да ги зачувам можностите за нашите преговарачи и тимовите што работат на одговорно затворање на ова прашање“, додаде.
Зеленски, пак, порача дека ова е само првиот од многуте состаноци.
„Имавме добар разговор денеска, наш прв, но не и последен. Треба повеќе да зборуваме, повеќе да работиме и да го подготвиме планот за тоа како да го запреме Путин“, истакна украинскиот претседател.
Слични новости
Уницеф предупреди дека еден милион деца во Газа се мачат за да преживеат
Стотици илјади деца немаат чиста вода ниту основни услови за хигиена, а еден милион не ги задоволуваат основните потреби и се мачат за да преживеат“ изјави регионалниот директор на УНИЦЕФ во Газа Едуард Бајгбејдер
Трамп најави разговор со Путин во вторник
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека во вторник ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин за можниот крај на тригодишната војна во Украина, по позитивниот исход од разговорите меѓу американските и руските претставници во Москва
Трамп и Путин ќе разговараат за Украина во наредните денови, според американскиот претставник Виткоф
Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега по должност Владимир Путин се очекува да разговараат во наредните денови, објави во неделата американскиот специјален пратеник за Украина и Русија, Стив Виткоф, додека САД вршат притисок врз Русија да се согласи на прекин на огнот со Украина