Украинскиот претседател изјави дека е подготвен да присуствува на средбата на неговиот американски колега Доналд Трамп со рускиот претседател Владимир Путин во Будимпешта, доколку биде поканет.
Трамп и Путин се согласија за нивниот втор состанок во унгарската престолнина за да се најде решение за војната во Украина.
Зеленски го посети Вашингтон во петокот, каде што не успеа да го убеди американскиот претседател да испорача ракети со долг дострел „Tomahawk“ во Киев кои ќе гаѓаат стратешки цело длабоко на руска територија.
„Ако бидам поканет во Будимпешта, без разлика дали станува збор за покана во форма на тристран состанок или патувачка дипломатија, како што се нарекува (ситуацијата) каде што претседателот Трамп се среќава со Путин, а претседателот Трамп со мене, тогаш, во една или друга форма, ќе се договориме“, рече Зеленски на прес-конференција.
Сепак, украинскиот претседател верува дека Будимпешта не е „најдоброто место за оваа средба“.
Блискиот сојузник на Доналд Трамп во рамките на Европската унија, унгарскиот премиер Виктор Орбан одржува помирувачки тон кон Путин и покрај неговата инвазија на Украина, додека широко го критикува Зеленски.
Според Зеленски, условите на Русија за мир останале непроменети, вклучително и повлекувањето на украинските сили од целиот регион Донбас, индустриски регион во источна Украина што Москва сака да го анектира.
Тој рече дека им објаснил на американските соговорници за време на неговата посета на Вашингтон дека „ставот на Украина не се променил“, што значи дека ги отфрла условите на Русија.
„Нема да им ја предадеме победата на Русите“, рече тој.
Зеленски, исто така, посочи дека на неговата земја ѝ се потребни 25 дополнителни американски системи за воздушна одбрана „Patriot“, модерно и скапо оружје, за да се спротивстави на руските ракетни напади.
Тој на прес-конференција изјави дека „започнал разговори со одбранбени компании“ за „подготовка на договор за 25 системи „Patriot“. „Toa се 25-те системи што ни се потребни“, нагласи тој.
Сепак, бидејќи САД сега ја снабдуваат Украина само со оружје платено од Европејците, финансирањето за системите „Patriot“ треба „да дојде од замрзнати руски средства“, тврдеше Зеленски.\
Украинскиот претседател не успеа да го убеди Трамп во петокот да испрати американски крстосувачки ракети „Tomahawk“ во Украина.
„Според мое мислење, тој не сака никаква ескалација со Русите пред средбата со нив“ во Будимпешта, рече Зеленски.
Слични новости
Кинески авиони насочиле воен радар кон јапонски авиони
Јапонија во неделата соопшти дека кинеските борбени авиони насочиле радар за контрола на оган кон јапонски воени авиони во два „опасни“ инциденти во близина на островската група Окинава во Јапонија, тврдење што Пекинг го негираше
САД престанаа да ја означуваат Русија како „диркента закана“, Кремљ е задоволен
Кремљ го поздрави потегот на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја ревидира својата стратегија за национална безбедност и да престане да ја нарекува Русија „директна закана“, изјави во неделата портпаролот Дмитриј Песков
Најмалку 23 мртви во пожар во ноќен клуб во Гоа
Најмалку 23 лица, меѓу кои и неколку странски туристи, загинаа во пожар во популарниот ноќен клуб Арпори во индиската држава Гоа


