Поранешниот тапанар на Џенезис, а потоа и фронтмен на славниот бенд и човек со многу богата соло кариера Фил Колинс откри дека се наоѓа под 24 часовна лекарска нега.

Во интервју за Би Би Си легендата на британскиот поп-рок Фил Колинс рече дека медицинска сестра му дава нега 24 часа во текот на целото деноноќие и дека се што можело да тгрне на лошо по неговото здравје се случило.

Тој откри дека додека лежел во болница се заразил од Ковид, дека бубрезите му откажуваат и дека на неговото колено морале да бидат извршени дури пет операции.

Фил Колинс откри дека на проблемите со бубрезите придонела неговата склоност кон алкохолот, но дека сега веќе две години е трезен.

Слични новости