Поранешниот тапанар на Џенезис, а потоа и фронтмен на славниот бенд и човек со многу богата соло кариера Фил Колинс откри дека се наоѓа под 24 часовна лекарска нега.

Во интервју за Би Би Си легендата на британскиот поп-рок Фил Колинс рече дека медицинска сестра му дава нега 24 часа во текот на целото деноноќие и дека се што можело да тгрне на лошо по неговото здравје се случило.

Тој откри дека додека лежел во болница се заразил од Ковид, дека бубрезите му откажуваат и дека на неговото колено морале да бидат извршени дури пет операции.

Фил Колинс откри дека на проблемите со бубрезите придонела неговата склоност кон алкохолот, но дека сега веќе две години е трезен.

Слични новости

Тејлор Свифт стана втората најмлада личност именувана во Куќата на славните текстописци

Тејлор Свифт стана втората најмлада личност именувана во Куќата на славните текстописци

Поп пејачката Тејлор Свифт која има 36 години ќе стане втор најмлад канавтор било кога примен во Куќата на славни текстописци. Најмлад е Стиви Вондер кој имаше само 33 години кога беше промен во Куќата на славните во 1983.