Поранешниот тапанар на Џенезис, а потоа и фронтмен на славниот бенд и човек со многу богата соло кариера Фил Колинс откри дека се наоѓа под 24 часовна лекарска нега.
Во интервју за Би Би Си легендата на британскиот поп-рок Фил Колинс рече дека медицинска сестра му дава нега 24 часа во текот на целото деноноќие и дека се што можело да тгрне на лошо по неговото здравје се случило.
Тој откри дека додека лежел во болница се заразил од Ковид, дека бубрезите му откажуваат и дека на неговото колено морале да бидат извршени дури пет операции.
Фил Колинс откри дека на проблемите со бубрезите придонела неговата склоност кон алкохолот, но дека сега веќе две години е трезен.
Слични новости
Објавен трејлерот на „Ѓаволот носи прада 2“
Во филмот кој повторно е посветен на модната индустрија, 20 години подоцна повторно играат Мерил Стрип, Ен Хатавеј, Емили Блант и Стенли Тучи од оригиналниот каст.
Трамп најави тужба против водителот на церемонијата на доделувањето Греми наградите
Намалку десет уметници на доделата на наградите Греми во Лос Анџелес го критикуваа Доналд Трамп и неговата политика, особено кон имигрантите, а голем број музички ѕвезди носеа значки на кои пишуваше „ИЦЕ надвор“.
Врачени наградите Греми, за албум на годината прогласен „ Debi Tirar Mas fotos“ на Бед Бани
Во Лос Анџелес во неделата навечер беа доделени Греми наградите, а апсолутен победник на вечерта е Бед Бани со албумот „Debi Tirar Mas fotos“ кој е прв албум на шпански јазик што освои Греми